„ИМА ПРОГРЕС ВО МАКЕДОНИЈА, НО ДРУГИТЕ РАСТАТ ПОБРЗО“: Мојскоска-Блажески од Самитот Македонија2025 порача 'корупцијата е најголем проблем'
Нулта толеранција на корупцијата, пет отсто економски раст годишно, пристап до ЕУ и ефикасна јавна администрација, е визијата на Македонија 2025 за домашната економија.
Како што рече извршната директорка Никица Мојсоска Блажески во воведното обраќање на Самитот што се одржува во Скопје, корупцијата е најголем проблем во државата, но земјава и се уште нема консензус каква економија сака. Бизнисмените и натаму се перцепираат како профитери, а не како креатори на работни места.
- Има прогрес во Македонија, но другите растат побрзо од нас. Сакаме пазарна економија, а бараме државен интервенционизам, работниците бараат повисоки плати, но не зборуваат за подобрување на нивните вештини. Лесно е да се обвинуваат соседите, Владата, но сите придинесуваме за тоа колку ќе просперира државата. Оваа Влада почна болни реформи, верувам дека гледа малку подалеку од изборниот циклус - истакна Мојсоска Блажески.
Таа посочи дека ова е единствена конференција која се оранизира веќе 14 години, со над 5.700 учесници, говорници од 77 земји од светот... бројни излагачи, претприемачи, академици, бизнисмени, лидери од светот кои земале учество.
- Македонија 2025 започна како визија на Џон Битов постариот уште 2002-2003 година, се со една цел, да помогнеме Македонија да има посилна нација. Имаме визија да се мобилизира дијаспората за да се поттикне развојот во земјата. Целата е да помогнеме во општествениот развој на Македонија. Идејата беше да се помогне Македонија да се развие, но и да стане член на Европската унија до 2025 година, а оттаму и името на организацијата.
Денес оваа организација спроведува бројни програми за развој на земјата и ги опфаќаат за нас најзначајните области, како образованието - истакна директорота на почетокот на Самитот.
Во моментов тече првиот панел од Самитот на кој зборува премиерот Христијан Мицкоски.
