Економија, финансии, бизнис

Контакт

Има премногу станови, но расте и продажбата

Има премногу станови, но расте и продажбата

За еден квартал продажбата на новоизградени станови кои имаат прв сопственик на пазарот на недвижности во Македонија е зголемен за 266. Од 1 април до 30 јуни годинава се продале 756 станови, што е подобро за 266 во однос на периодот 1 јануари-31 март.

Исто така, според евиденцијата на Агенцијата за катастар на недвижности, подобар е исходот и во однос на истото тромесечие од лани. Во овој период во 2017-та имало 726 купувања на нови станови,. што е за 30 помалку.

Во моментов на територијата на Македонија се довршуваат или допрва ќе започнат да се градат 10.549 станови.


Слично

Поврзани вести