Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИМА ПОСКАПУВАЊЕ: Kолку чини квадрат во Шпанија?

ИМА ПОСКАПУВАЊЕ: Kолку чини квадрат во Шпанија?

Просечните цени на становите во Шпанија се зголемија за повеќе од 40 проценти во последните 10 години, надминувајќи 2.000 евра за квадратен метар.

Најголем пораст е забележан на Балеарските Острови, каде што вредноста речиси се дуплирала, покажуваат податоците од Министерството за домување и урбана агенда.

Додека во вториот квартал од 2015 година просечната цена на домувањето едвај достигнала 1.476 евра за квадратен метар, во истиот период од 2025 година таа ќе надмине 2.093 евра, што претставува зголемување од 616 евра, објавува шпанскиот портал „20 минутос“.

Во текот на последната деценија, цените постојано растат, а помеѓу 2016 и 2018 година, цената по квадратен метар надмина 1.500 евра: помеѓу 2019 и 2021 година, таа беше над 1.600 евра, а од 2022 година надмина 1.700 евра.

foto printskrin

Слично

Поврзани вести