Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИМА ПОЛОШИ И ОД НАС: Оваа балканска земја со најмасовни иселувања од европските

ИМА ПОЛОШИ И ОД НАС: Оваа балканска земја со најмасовни иселувања од европските

Хрватска се вбројува во седум европски држави рекордери по негативна стапка на миграција која покажува разлика помеѓу бројот на лица кои се доселуваат и ја напуштаат земјата во текот на годината на 1000 жители, според податоци на ЦИА за 2017.

Полоши сме и од БиХ и Макдонија, кои исто така имаат негативна стапка на миграција, и од Србија со нулта стапка на миграција, што значи дека од неа еднаков број на луѓе се иселуваат и доселуваат. 

Привлечниот Луксембург и овие податоци покажуваат дека Хрватска нема да се запре со иселување и ниту недостигот на работници ќе се надомести со увоз на странски бидејќи со ниски плати и неуреден пазар на труд не можеме да конкурираме во развиените земји. Додека не се среди правниот состав и не се промени ситуацијата во општеството, младите ќе биде тешко да се задржат и странски работници да се привлечат. Залудни ни се зголемените квоти за странци-пишуваат хрватски медиуми.

Од 4 660 работни дозволи за странски работници во туризмот не е искористена ни третина, според пишувањето на Слободна Далмација. Европски рекордери по позитивна стапка на миграција се Луксембург, Кипар, Шпанија, Норвешка, Шведска, Австрија, Ирска, Исланд, додека пред Хрватска по негативна стапка предност имаат Молдавија, Летонија, Литванија, Турска, Албанија и Естонија.

Слично

Поврзани вести