Економија, финансии, бизнис

Контакт

Има пара во туризмот! Најголемите туристички агенции и тур-оператори

Има пара во туризмот! Најголемите туристички агенции и тур-оператори

Најголемите десет компании регистрирани како туристички агенции и тур-оператори лани направиле приход што кумулативно надминува 50 милиони евра. Очигледно дека во модерните услови кога интернетот нуди се на дланка треба особени вештини, љубезност, креативност, но и изграден имиџ и реноме за да примамиш туристи на кои ќе им посредуваш за нивното патување од соништата

Најголемата туристичка компанија лани во земјава имала приход од 8,9 милиони евра. Станува збор за тур операторот со назив Мак – Цун Травел со седиште во Скопје и сопственост на странските државјани Евалд Коенинг и Хуго Оливер Стиннес. Нивната компанија лани остварила приход од 8,9 милиони евра и добивка од 142.000 евра.

Следна на листата според остварени приходи е Фибула Ер травел сопственост на Ајхан Мавису. Оваа компанија лани остварила добивка од 1 милион евра и е најпрофитабилната туристичка компанија во конкуренција на најголемите 17 туристички компании. Нејзиниот приход лани изнесува 8,4 милиони евра.

Во големата тројка е можеби најрекламираната домашно поседувана туристичка компанија Атлантис од Струмица. Оваа фирма, сопственост на струмичанецот Сашо Дончовски, лани остварила приход од 6 милиони евра, а годината ја завршила со добивка од 10.000 евра.

Во најголемите пет туристички компании (агенции и туроператори) се уште Бисер травел и Аурора и двете од Скопје. Бисер травел остварила приход од 5,2 милиони евра и добивка од 884.500 евра. Ова е најуспешната туристичка компанија од аспект на профитна маргина (учество на добивката во приходите) и таа изнесува 17отсто. Сопственици на оваа туристичка агенција се Горан Јаневски, Игор Костовски и Јане Јанев. Една од најстарите и најуспешни домашни туристички компании е „Аурора“ е петта според остварените приходи лани. Тие изнесуваат 4,5 милиони евра, а добивката на компанијата на Славчо Сирачевски е 100.000 евра.

Следните пет компании рангирани според големината на приходите се:

Р.Ф.

Фото: Инстаграм

Слично

Поврзани вести