ИМА ОСТАТОЦИ ОД КАМЕЊА ОД ФАСАДАТА ВРЗ КОЛИЧКАТА: Таткото на малото девојченце уште е во шок
Денеска околу 14
часот, дел од фасадата на од една зграда се урна врз количката на мало девојче
во пасажот кај Заводот Спасиќ на познатата белградска улица Кнез Михајлова.
На местото на несреќа српските медиуми разговарале со таткото, Михаил Вороњин, кој изјавил дека петмесечното девојче има гребаници и малку крв, и моментално е со мајка си во болница.
"Стоевме таму и нешто падна од фасадата. Бебето лежеше во количката. Гледате дека се уште ги имаме остатоците од каменот во количката. Бебето сега е во болница, но мислам дека се е во ред. Ние се исплашивме во моментот кога нешто почна да ни паѓа на глава“, изјави таткото за медиумите.
И неговиот син кој во моментот на несреќата бил покрај количката исто така има гребаници на образот. Се работи за семејство од Русија, а овој дел од преминот во моментов е затворен за сообраќај. Полицијата е на местото на несреќата и врши увид.
