ИМА НАДЕЖ: Русите очекуваат договор околу нафтата!
Министрите за енергетика од Русија, Иран и Азербејџан ќе присуствуваат на разговорите во Доха на 17 април, поради договор за замрзнување на производството на нафта.
Ова го соопшти рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
-Русија очекува на состанокот во катарската престолнина да дојде до постигнување на договор за стабилизирање на глобалниот пазар на нафта-изјавил Лавров после состанокот со иранскиот и азербејџанскиот колега.
Рускиот министер за енергетика Александар Новак рекол оваа недела дека Иран го потврдил учеството на состанокот, но дека на договорот ќе му се придружи дури откако ќе го зголеми своето производство на четири милиони барели дневно.
Слично
