Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ИМА МРТВИ И ПОВРЕДЕНИ“- ЕКСПЛОЗИЈА ВО ПОПУЛАРНИОТ ТАКСИМ ВО ИСТАНБУЛ: Ова се првите снимки

„ИМА МРТВИ И ПОВРЕДЕНИ“- ЕКСПЛОЗИЈА ВО ПОПУЛАРНИОТ ТАКСИМ ВО ИСТАНБУЛ: Ова се првите снимки

Најмалку едно лице загина, а неколку луѓе се повредени во експлозија на прометна пешачка улица во центарот на Истанбул, јавува Ројтерс, повикувајќи се на изјави на локалниот гувернер, објавени снимки и турски медиуми.

Дејли Сабах објави дека најмалку 11 лица се повредени во експлозија во областа Бејоглу во Истанбул, пишува Дејли Сабах.

Гувернерот на Истанбул Али Јерликаја изјави дека има загинати и повредени, но не кажа колку.

Службите за итна помош пристигнале на местото на настанот. По експлозијата улицата била затворена.

На социјалните мрежи кружат видеа од експлозијата во центарот на Истанбул, во близина на плоштадот Таксим.

Корисниците на социјалните мрежи рекоа дека продавниците биле затворени веднаш по експлозијата.

Авенијата Истикал е популарна и кај туристите и кај локалното население и е полна со ресторани и продавници.

Експлозијата се случила околу 16:20 часот по локално време.


Слично

Поврзани вести