Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИМА ЛУЃЕ КОИ НИКОГАШ НЕМА ДА СЕ ЗАРАЗАТ СО КОВИД: Молекуларниот генетичар Брајушковиќ појаснува дека одговорот е во нивните гени

ИМА ЛУЃЕ КОИ НИКОГАШ НЕМА ДА СЕ ЗАРАЗАТ СО КОВИД: Молекуларниот генетичар Брајушковиќ појаснува дека одговорот е во нивните гени

Точно е дека има луѓе кои се навистина имуни на ковид. Додека научниците се обидуваат детално да ги анализираат луѓето кои се отпорни на вирусот, постојат претпоставки дека одговорот лежи во нивните гени. Ова за Блиц го потврди проф. д-р Горан Брајушковиќ, истакнат молекуларен генетичар и предавач на Биолошкиот факултет во Белград.

-Дефинитивно има луѓе кои се имуни на инфекцијата. Причината се уште не е позната, односно генетската варијанта се уште не е идентификувана, но се работи за промена на редоследот на нуклеотидите во ДНК, што доведува до резистентност, односно отпорност на вирусот. Најверојатно е генетичка варијанта во генот за рецептор преку кој вирусот се врзува за нашите клетки. Сосема е сигурно дека оваа генетска варијанта е релативно ретка, рече д-р Брајушковиќ и додаде:

„За вирусот ХИВ, идентификувана е генетска варијанта во рецепторите на Т4-клетките кои ги штитат носителите од ХИВ инфекција. Бројот на овие луѓе е релативно мал, а веројатно е ист случај и со ковид“, посочи тој.

Освен ова, д-р Брајушовиќ вели дека имунитетот кон вирусот може да се неутрализира само со промена на начинот на кој вирусот влегува во клетката.

„Ако вирусот го промени начинот на кој влегува во клетката, што е речиси невозможно сценарио, тогаш имунолошкиот систем станува подложен на инфекција. За време на повеќедецениската пандемија на ХИВ, начинот на кој вирусот влегува во нашите клетки не е променет“, вели проф. Брајушковиќ

Научниците од Медицинскиот факултет во Белград спровеле истражување со цел да откријат кој има поголеми шанси да се разболи, а резултатите покажале дека се зависи од генетиката на поединецот, како и од отпорноста на организмот.

Пациентите со ковид кои имаат генотипови со помала активност на антиоксидантни ензими и следствено помал антиоксидативен капацитет, имаат поголема подложност на ковид, како и повисоки нивоа на воспаленија и коагулација, покажа оваа студија спроведена од медицинскиот тим во рамки на специјалниот програм за истражување на ковид.

ФОТО: YOUTUBE/SCREENSHOT/K1 TELEVIZIJA

Слично

Поврзани вести