Економија, финансии, бизнис

Контакт

Има ли заговори за падот на турската лира?

Има ли заговори за падот на турската лира?

Луѓето на турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган бараат виновници и тврдат дека зад падот на лирата стојат странски сили. 

Од почетокот на јануари турската лира загуби 9% од својата вредност. Овој развој ги оживува мрачните спомени за турската финансиска криза од почетокот на новиот милениум: во 2001. По драстична девалвација на лирата, земјата западна во тешка криза, која траеше неколку години и беше надмината благодарение на строги финансиско-политички мерки. 

Последните политички превирања во Турција доведоа до слабеење на економскиот раст и тоа повторно ја поткопува довербата. Многу турски компании изразија загриженост од тоа што падот на лирата ги  загрозува инвестициите и економскиот раст. Во третиот квартал на 2016 година турската економија забележа пад - за првпат од кризната 2009 година.

Турската лира е под притисок поради различни причини. Од една страна - поради зголемените регионални тензии, а од друга - поради политичката нестабилност во земјата. 


Слично

Поврзани вести