Економија, финансии, бизнис

Контакт

Има ли скап „ролекс“ и хотел во Улцињ поглаварот на ИВЗ?

Има ли скап „ролекс“ и хотел во Улцињ поглаварот на ИВЗ?
Поглаварот на ИВЗ реисот Сулјеман Реџепи ги демантира информациите инзесени во одредени медиуми дека поседува хотел во црногорското одморалиште Улцињ, но не крие дека има скап „ролекс“ часовник, кој го купил на патување. “Ролекс имам, но не е од најскапите што чинат 36.000 евра. Овој што го поседувам си го купив сам, на патување во Саудиска Арабија“, вели Реџепи. Според поглаварот на ИВЗ „глупава измислица“ се написите дека летово купил хотел во Улцињ и оти тој се води на име на член на неговото семејство. Тој потврдува дека со најблиските оди таму, но секогаш се сместува приватно во изнајмени апартмани. На скандалозните обвинувања за неговата имотна состојба, Реџепи се брани и со тврдење дека му бил одземен дипломатскиот пасош, иако право на таков пасош има поглаварот на МПЦ г.г. Стефан. „Владата еднаш ми даде дипломатски пасош, а потоа ми го зеде. Со тоа што ми го зедоа, сакаа да ми порачаат дека треба ме имаат под свое. Не! Патувам со својот личен пасош, иако дипломатски пасош има поглаварот на МПЦ г.г. Стефан и други негови црковни достојници. Ете патувам и без тој пасош, но ако им даваат на едни, зошто им ги земаат на другите?“, вели Реџепи во изјава за Плусинфо.
Слично

Поврзани вести