Има ли шверц на оружје на Балканот?
Постои опасност од интензивирање на шверцот со оружје од балканските земји, предупреди Европската агенција за заштита на надворешните граници Фронтекс.
Во својот извештај Фронтекс наведува дека во државите од просторот на некогашна Југославија „лесно може да се дојде до „калашникови“ и бомби“.
Нивните проценки говорат дека само на територијата на БИХ, има околу 800.000 илегални парчиња оружје.
„Блиската соработка и размената на информации меѓу безбедносните служби е решавачка за борба против шверцот со оружје“ -наведува Фронтекс.
Агенцијата потестува дека во терористичките напади во Париз минатата година и во Брисел пред две недели терористите беа вооружени со „калашникови“ за кои постојат сомнежи дека потекнуваат од Балканот. Од Фонтекс нагласуваат дека ризикот за шверц е зголемен со приливот на бегалци.
