Има ли шанси Заев да се предомисли и да оди на избори?
„Какви се шансите во следните денови да се дојде до промена на оваа одлука и сепак да учествувате на изборите?“ - за ова беше запрашан опозицискиот лидер Зоран Заев по завршувањето на прес конференцијата на која тој соопшти дека СДСМ како партија нема да учествува на изборите без регулирани медиуми и прочистен Избирачки список.
Заев, рече дека СДСМ повеќе од еден месец повикува учество на 5ти јуни на избори.
„Тоа е наша јасна определба. Ние го нарачавме целиот рекламен материјал за изборите, ја испечативме нашата Програма, флаери, брошури во преку 500 илјади примероци. Ние сме комплетно организирани во штабски стриктири, три пати повеќе присутни сме на терен од ВМРО-ДПМНЕ. Но, ако опозицијата не се бори за регуларни, фер и демократски избори, кој ќе се бори во оваа земја? Оваа борба да, е за власта да падне, бидејќи е автократска и режимска. Но без регуларни, фер и демократски избори, нема шанси Македонија, нема иднина Македонија“, изјави Заев.
Првиот човек на СДСМ вели дека во секој момент кога ќе бидат исполнети условите за регуларни, фер и демократски избори Опозицијата ќе оди на избори и ќе победи на тие избори.
Парламентот на Република Македонија се самораспушти, согласно одлуката донесена на 23 февруари со цел спроведување на предвремени парламентарни избори на 5 јуни.
Претседателот на парламентот, Трајко Вељаноски најави дека со тоа завршува мандатот на сегашниот парламентарен состав.
Претставниците на опозицискиот Социјалдемократски сојуз (СДСМ) не присуствуваа на седницата.
Вељановски рече дека е можно да почека до 15-ти април и тогаш да закаже изборите на 5-ти јуни со цел Државната изборна комисија (ДИK) да има можност да ги исполни сите свои задачи за ревизија на избирачкиот список.
Неколку часа пред распуштањето на парламентот министрите од СДСМ поднесоа оставки, но тие не беа изгласани од парламентот. Зоран Заев рече дека нивните министри и зам.министри поднеле оставка на време. Решението не зависи од нас.
Некој се обиде да ги направи заложници нашите министри и да ги држи во владата кое има намера да организира криминални избори. Ние ќе направиме се што зависи од нас, нашите министри да не бидат дел од овој кабинет, рече Зоран Заев.
