ИМА ЛИ ПРИЧИНА ЗА СЛАВЕЊЕ: Топ реформатори, ама економијата не мрднува!
Аналитичарите сметаат дека е добро тоа што Дуинг Бизнис со години ја рангира Македонија меѓу топ реформаторите, но сметаат дека ова мерење не ги мери некои други аспекти за водење бизнис, од кои во голема мера зависи бизнис климата.
„Како се толкува тоа што имаме перманентен тренд на намалување на инвестициите? Затоа велам дека ова што е кажано во извештајот не може да се конвертира во реалната економија. Ваквото рангирање не треба да го сватиме дека македонската економија може да ја споредуваме со светски развиените економии, тоа е неспоредливо“, смета универзитетскиот професор Абдулменаф Беџети.
Според други пак нелогично е што токму во годините кога сме добивале слични извештаи Македонија остварувала просечен раст на БДП од 1 % или 2 % што покажува дека тие наведени реформи немаат никакво посебно влијание и позитивен импулс врз економската активност.
Според податоците на надлежните институции, земјава не успеа да испорача континуирани и одржливи стапки на раст. Еве како се движеше растот на БДП од 2007 година:
Раст на БДП :
2007 6,5%
2008 5,5%
2009 -0,4%
2010 3,4%
2011 2,3%
2012 -0,5%
2013 2,7%
2014 3,5%
За годинава, растот е проектиран на 3,5% .
Зошто имаме добри закони, а немаме или имам слаб економски раст? Дали во земјата се води погрешна фискална и монетарна политика? Или пак проблемите се во големата политизираност на општеството, соодветно и во економските текови?
Веројатно во се по нешто. Во секој случај, ваквите рангирања не треба да се толкуваат во насока на тоа дека македонската економија е блиску до светските развиени економии. Дека на хартија имаме добри закони тоа е веќе јасно, но очигледно треба да поработиме и на суштинските прашања!
Според најновиот извештај на „Дуинг бизнис“ на Светска банка Македонија е највисоко рангирана земја од регионот. Земјата е на 12-то место глобално рангирана од 189 економии во светот.
Прв на листата и оваа година е Сингапур со 87,34 поени, пред Нов Зеланд, Данска, Јужна Кореја и Хонгконг, додека на дното се Еритреја, Либија, Јужен Судан и Венецуела.
Слично
