Има ли план за да се менаџира бегалската криза?!
Јужната граница е преплавена од мигранти. Оние од воените подрачја на Сирија, Авганистан и Ирак брзаат да влезат во земјава, додека економските мигранти за кои е сопрен транзитот, револтирани не дозволуваат слободен проток за бегалците од воените жаришта. Илјадици луѓе повторно останаа на границата заради блокираниот премин и бавната регистрација. Обезбедувањето на двете страни од границата е засилено поради опасноста од нови инциденти.
Експертите велат дека извршната власт мора поинтензивно да се соочи со овој проблем бидејќи ситуацијата на терен е неизвесна и тензична. Поранешениот македонски амбасадор во Германија и професор на Електротехничкиот факултет, Горан Рафајловски за Фактор вели дека како земја треба сериозно да се соочиме со бегалскиот проблем бидејќи неможе да се даваат само бледи двосмислени изјави за дневно политички цели, туку активно да се мобилизира државната администрација со работа на терен.
“Активностите треба да бидат во две стратегиски насоки: Прво треба да се реагира брзо на новонастанатите промени и за тоа е потребно да се направи соодветна структура за брзи интервенции составена од персонал од државна администрација поточно од Министерството за надворешни работи, безбедносни сили од МВР, Соодветна логистика и придружен медицински персонал. Второ и уште поважно, државата треба да има долгорочна стратегија за справување со оваа бегалска криза и акционен план на три нивоа:
Првото ниво е политичко ниво на координација со европската безбедносна и бегалска политика. Тука треба МНР да превземе сериозни активности и водечка улога.
Второто ниво е економско ниво на проектирање извори за финансирање на сите активности од буџетот но и други не владини извори како домашни така и странски.
И третото ниво е правно – социјално во смисла на почитување на меѓународното право и обезбедување хумана социјална подршка како и активно но конструктивно вклучување на сите волонтерски и невладени организации кои можат да помогнат во справување со кризата”-објаснува проф. Рафајловски.
Ситуацијата вели е драматична па лесно може бегалската криза да премине од социјално- економска во криза на стабилноста на државата, ако се случат немили настани, инциденти при кои во најлош случај би имало загуба на животи. Државата- додава поранешниот македонски амбасадор во Германија, нема точна евиденција на профилот на бегалците, нивните намери и евентуалните постапки на индувидуалци во насока на дестабилизирање, што дополнително ги става на тест капацитетите и подготвеноста да се менаџира проблемот.
“Ситуацијата будно се следи од целата европска и светска јавност и сето тоа укажува на фактот дека проблемот станува коплексен и треба да се разгледува заедно со проблемите на исламистичкиот радикализам и глобален тероризам. Затоа е потребно сериозен аналитички пристап на безбедносните и разузнавачките структури како и нивна синхронизирана координација. Тука пред се мислам на размена на информации и заедничко делување на Агенцијата за Разузнавање на РМ, како и соодветните структури за државна безбедност и контрола во Министерствата за Одбрана и за Внатрешни работи”-додава проф. Рафајловски.
Според него неопходна е ефикасна комуникација меѓу безбедносните структури во државата координирано со Колективниот европски систем на безбедност бидејќи Македонија како транзитен регион игра многу важна улога во стабилноста на Европа. Оттука како суверена држава треба да има сопствена стратегија во заштита на своите интереси и безбедност, а сепак таа стратегија да е во согласност и по можност да биде координирана со европската политика.
“Ние сеуште не сме членка на ЕУ но имаме кандидатски статус и правиме сериозни чекори за отпочнување на преговори и добивање полноправен статус. Тоа не обврзува да постапуваме во насока на политиката и барањата што се поставуваат од Европската унија. Ова е добар момент да покажеме дека можеме да бидеме и самоиницијативни, и дека имаме државни структури кои се справуваат со овој проблем. Ако ЕУ согласно со меѓународнота право кажува селективен пристап кон т.н економски мигранти, тогаш треба ние тоа го следиме во потполност. Гневот на тие мигранти може да се ублажи со подобра организираност и мобилизираност на државните структури. Тоа бара дополнителни средства, но ние мораме да ги обезбедиме како би се покажале како доверлив партнер на Европската унија”-потенцира универзитетскиот професор.
Република Македонија како држава но и како зрело општество, според Рафајловски стои пред голем предизвик и мора сериозно да се ангажира кон менаџирање на овој комплексен социјален, економско -хуманитарен но и безбедносен проблем. Покрај државните структури како што вели неопходно е да има поинтензивно информирање на граѓаните на нашата држава, бидејќи токму целокупното општество ако е правовремено и правилно информирано е најјакиот одбрамбен столб за соочување и правилно решавање на вакви комплексни проблеми.
“Последиците во најлош случај можат до доведат до нарушување на безбедносната ситуација во државата. Затоа како што претходно напоменав потребно е одобрување на дополнителни финансиски средства од буџетот за државните структури (полиција, војска, администрација, медицински персонал) кои работат на терен. Оваа бегалска криза на најочигледен начин го потврдува тоа”-порачува поранешниот член на Дипломатијата.
С.Б.

Слично