Има ли опасност од обновен национализам во Грција?
Аугустин Зенакос дописник на ЕУОбзервер од Атина пишува дека на 19 мај толпа луѓе го нападна градоначалникот на Солун, Јанис Бутарис, за време на јавна церемонија за
Денот на геноцидот.
„Инцидентот започна со извици и навреди: „Оди си, не те сакаме овде!“, „Валкан Евреину!“, „Ти скопјанец, анти-Грк, валкан Турчин, предавник..“, „Треба да бидеш обесен“... Потоа неколку луѓе, меѓу кои и некои што ги носеа амблемите на здруженијата што ја организираа церемонијата, почнаа да го туркаат градоначалникот. Други почнаа да фрлаат пластични шишиња и разни предмети по него. Неговите придружници се обидоа да го издвојат, но толпата го следеше до неговиот автомобил. Луѓето го удираа по главата. Еден го удри во стомакот. Кога стигна до својот автомобил, еден човек ја удри вратата, а друг проби низ задниот прозорец. Како што автомобилот забрза, луѓето почнаа да ракоплескаат и да навиваат“- пишува тој.
Но, ова не е прв напад од ваков вид, додава новинарот. Во текот на последните години од финансиската криза во Грција имаше неколку инциденти каде што толпи вербално или физички напаѓаа политичари или претставници на печатот.