Економија, финансии, бизнис

Контакт

Има ли Бугарија медицински туризам?

Има ли Бугарија медицински туризам?

Се зголемува интересот на граѓаните на ЕУ за медицинскиот туризам во Бугарија.

Посетителите се главно од Германија и доаѓаат за широк спектар на медицински услуги. Бараат претежно сертифицирани болници, а најголем интерес има за кардиологија, стоматолошки услуги и козметички импланти.

„Бројот на барања од германски и други европски граѓани се зголеми значително, по последните политички превирања во Турција. Јужниот сосед отсекогаш бил силен центар за медицински туризам и најпосакуван од многу странци поради многу достапни цени. Настаните од последниот месец, меѓутоа, изгледа создале грижи и се поставува прашањето, дали е можно нашата земја да освои дел од овој пазар“-  коментира менаџерот на Ofertmed, Росица Караџова.

Таа истакна дека главните предности на Бугарија се достапните цени на медицинските услуги за разлика од оние во Западна Европа, присуството на високо квалификувани професионалци, но и фактот дека сме Бугарија е членка на Европската унија.

Околу 30 милиони луѓе во светот ги користат услугите на медицинскиот туризам.  Профитот е околу 150 милијарди долари годишно и тој  расте. Турција е на 10 место во светот како дестинација за медицински туризам.

Слично

Поврзани вести