ИМА ЛИ АЛТЕРНАТИВА: Тевдовски e против зголемување на прагот за пензионирање
Министерот за финансии, Драган Тевдовски вели дека не треба да се посегне кон зголемување на прагот за пензионирање додека не се искористат сите други можности.
„Како човек кој доаѓа од социјалдемократска Влада сметам дека треба да се почитува тоа што кај нас има огромен број на луѓе кои имаат тешки работни места и апсолутно за изнаоѓање на решение не би требало да посегнуваме кон зголемување на овој праг се додека не се искористат другите можности“- изјави Тевдовски во вечерашната емисија „24 Анализа“ на Телевизија 24.
Меѓународниот монетар фонд и годинава повторно и препорача на Македонија да ја зголеми возраста за одење во пензија.
Слично
