Економија, финансии, бизнис

Контакт

Има кандидати за ад хок телото за надзор на медиумите

Има кандидати за ад хок телото за надзор на медиумите

Наспроти дилемата дали и кој ќе се пријави на јавниот повик на СДСМ за членови на ад хок телото за надзор на медиумите во предизборниот период, сепак, има кандидати за оваа тримесечна функција, објави „Мета“.

Рокот за пријавување истекува  на полноќ. Не е познато на кој начин од ВМРО-ДПМНЕ ќе одберат и ќе предложат кандидати за ова тело, чии надлежности се договорени при последната рунда разговори на политичките партии. „Мета“ дознава дека во потесниот круг на членови ќе влезат и кандидати кои не се пријавиле сами туку за кои СДСМ смета дека би биле „соодветни“. Според последните информации, раководството на партијата утре ќе го стеснува изборот.

Договорот предвидува ад хок телото да работи во рамките на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Најголемата казна за медиумите  пред изборите ќе чини 4.000 евра.

Ад хок телото, кое ќе работи до крајот на предвремените избори, треба да се состои од пет члена.

Секоја од четирите партии предлага свој претставник, а потоа тие со консензус треба да го изберат петтиот член. Еден член од ова тело треба да биде Албанец.

СДСМ јавно ги повика сите професионалци во сферата на медиумите и граѓанските организации, поединци и здруженија, самите да се кандидираат или да кандидираат некој друг за кого сметаат дека е соодветен да ја извршува функцијата во телото за надзор на медиумите.

Со истиот повик беше побарано да се кандидираат луѓе и за челното место на информативната програма на МТВ.

Слично

Поврзани вести