Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИМА ИЛИ НЕМА УСЛОВИ ЗА ИЗБОРИ: Партиските лидери подготвени за средба?

ИМА ИЛИ НЕМА УСЛОВИ ЗА ИЗБОРИ: Партиските лидери подготвени за средба?

Подготвени ли се партиските лидери за лидерска средба?. Според најавите во текот на утрешниот ден на преговарачката маса ќе седнат четворицата лидери на партиите потписнички на договорот од Пржино.

Засега изборите се неизвесни. Партиите застанаа кај ад хок телото кое ќе треба да ги регулира медиумите пред избори, а се уште не е изберен ниту новиот главен уредник на информативната програма на Македонската телевизија.

Како што веќе објавивме, нефицијално на уредничкот столче во МРТ ќе седне Санта Аргирова.

Санта Аргирова  е предлогот на Социјалдемократскиот сојуз за нов главен  уредник на МТВ кој ќе треба да стапи на функцијата од први септември, дознава  Фактор. Нашите извори ниту ја потврдуваат ниту ја демантираат информацијата  за номинацијата на долгогодишната новинарка а во последниве неколку години и писателка Санта Аргирова.

„Да  сочекаме прво  да се одржи лидерската средба. Не би сакале да прејудицираме со името на  главниот  уредник. Се’ уште ништо не е конечно “, велат извори за Фактор.          

Заев очекува одржување на избори на 11 декември

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев очекува одржување на избори во декември.

Според него,  неизвесниот избор на петтиот член во ад хок телото за следење на медиумите нема да  го парализира договорот за предвремени парламентарни избори на 11-ти декември.

Заев изјави дека ад хок телото за медиуми и прочистувањето на избирачкиот список се минимум услови за одржување фер избори. Додава дека за СДСМ најприфатлив модел за реформа на медиумскиот сектор бил законот кој го предложила меѓународната заедница преку посредникот Питер Ван Хауте.

„Аман од политичките партии, преку глава им е на граѓаните. Има мериторни критериуми, има вредности кои и овие четири луѓе предложени како експерти може да седнат, малку да ја дрмнат главата и полека да ги стабилизираат мислите, да се насочат и да го изберат петтиот член. Како еден од претседателите на поголемите партии апелирам до четирите члена уште на почетокот на идната седмица да го изберат петтиот член, ако не заради нешто други, заради Македонија“ – вели Заев.

Петтиот, а воедно и последен член на ад хок телото за медиуми треба да биде Албанец и изборот запна меѓу Сефер Тахири и Даут Даути кој денеска се повлече од трката.

Ова тело ќе ги следи медиумите 100 дена пред избори и ќе санкционира доколку има прекршувања.

Слично

Поврзани вести