Економија, финансии, бизнис

Контакт

Има голема побарувачка - колкава цена ќе достигне бакарот?

Има голема побарувачка - колкава цена ќе достигне бакарот?

Швајцарската инвестициска банка UBS ја зголеми својата прогноза за раст на цената на бакарот во 2026 година.

Овој метал ќе поскапи поради честите прекини во производството во рудниците и силната долгорочна побарувачка поттикната од инвестициите во електрификацијата и енергетската транзиција.

Според сегашните проекции, UBS ја зголеми целната цена на бакарот за март 2026 година за 750 долари, на 11.500 долари за тон, објавува Ројтерс.

Банката очекува дека пазарот на бакар постепено ќе премине во дефицит, што би можело да поддржи понатамошен раст на цените во текот на годината.

Проценките за јуни и септември 2026 година се зголемени за по 1.000 долари - на 12.000 и 12.500 долари за тон, пишува Танјуг.

Аналитичарите наведуваат дека вториот и третиот квартал од 2026 година ќе бидат обележани со зголемен притисок врз понудата поради одложени проекти и послаби испораки од Латинска Америка, пренесува bizportal.rs.

UBS ја постави целната цена на бакарот за декември 2026 година на 13.000 долари за тон, што е една од најголемите проекции на пазарот и сигнал дека банката очекува понатамошен раст на стратешката важност на бакарот за енергетската транзиција.

Чиле и Перу се земји со големи резерви на бакар.

Фото: Принтскрин/X

Слично

Поврзани вести