Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИМА ФИРМА 16 ГОДИНИ, КОНКУРИРАЛ ТРИ ПАТИ: Стефков бесен на Фондот за иновации

ИМА ФИРМА 16 ГОДИНИ, КОНКУРИРАЛ ТРИ ПАТИ: Стефков бесен на Фондот за иновации

На листата фирми кои не се најдоа меѓу оние кои добија грант од Фондот за иновации е и фирмата на Данчо Стефков. 

Според она што тој го објави на социјалната мрежа Фејсбук се дознава дека дури три пати конкурирал а во Фондот имал интервјуа дури пет пати.

Стефков вели дека неговата фирма постои 16 години, како микро претпријатие на пазарот за филмски и видео материјали.

„Во фондот за иновации конкурирав 3 пати, но не добив никаков грант. А целта беше да остварам технолошки напредок и целосно да прејдам во 4К резолуција. Имав најмалку 5 интервјуа од фондот. Можност за отворање 5 работни места. А не барав ни 1/8 од ова што им се доделува на други фирми. На крај "уздај се у се и у своје кљусе,, . Не не бива, епа нема ни да не биде“, раскажува Данчо.


Тој посочува дека ова се однесувало од 2015 до сега. 

„Нема разлика, само друго пакување. И да потенцирам, зад себе имам 2 играни филма, играно документарен, 40 тина документарни, стотина ТВ проекти, претстави, спотови, реклами, презентации ...“, го завршува Фејсбук статусот Данчо Стефков.

Некогаш во афери за трошење на европски пари сега добитници на пари од Фонд за иновации


Слично

Поврзани вести