ИМ СЕ ЗАКАНУВА ОПАСНОСТ: Државата ќе пресели цел град
Градот Гемлик во Турција кој што се наоѓа на Мраморното море поради опасноста од земјотреси ќе биде преселен.
Планот на турските власти е да се изградат 10.000 нови станбени единици на ридот во близина на градот. Со овој план не се сложува опозициската Републиканска народна партија, која смета дека со тоа ќе им се наштети на големите маслинови насади по кои овој град е познат.
„Иако епицентарот на земјотресот од 1999 година не беше тука, ние сепак претрпевме големи оштетувања. Гемлик е изграден врз каллива, алувијална почва, а користењето на морски песок при изградбата на основите на зградите ги ослабна нивните темели. Доколку, не дај Боже, претрпиме земјотрес со интензитет од шест степени, може да загубиме илјадници жители“ - вели градоначалникот Рефик Јилмаз.
Досега 1.000 станови биле изградени, но потреба имало дури за 17.000.
Сеизмолозите досега повеќе пати најавуваа земјотреси за ова подрачје.
