ИМ СЕ СЛУЧУВА БИБЛИСКА КАТАСТРОФА: Пожарите во Грција се подметнати?
Властите во Грција веќе стравуваат за повеќе од 100 жртви, преку 550 повредени, илјадници луѓе кои морале поради пожарите да ги напуштат домовите.
Постои сомнеж дека пожарите се подметнати.
Воени бродови распоредени долж брегот помогнале во евакуацијата.
Во моментов три пожари беснеат во реонот на Атика, но и други пожари се закануват на Коринт, Пелопонез и Крит.
Градоначалникот на областа Рафина, Евангелос Бурнус, најави дека бројот на жртвите е осуден да расте. Најголем дел од жртвите се токму од неговата област, местото Мати, 40 километри североистично од Атина, населба која фактички повеќе не постои.
„Мати исчезна“- вели Бурнус.
Премиерот Алексис Ципрас прогласи тродневна жалост, вонредна состојба и побарана е помош од Европската унија.
26 изгорени тела се пронајдени во еден двор. Други жртви, прегрнати, едни до други, се пронајдени на плажата на Аргири. Телата, меѓу кои и оние на деца, најдени се на 30 метри од морето. Повеќе од 16 деца се во критична состојба, соопштија од Црвениот крст.
фото Танјуг
