ИМ ПРЕСЕДНА ОДМОРОТ: Штипјани ограбени „до гола кожа“ во Будва!
Парите, пасошите, целата гардероба, па дури и автомобилот им биле украдени на четворица млади жители на Штип на летување во Будва. Двете штипски двојки биле на годишен одмор, а кога се вратиле од излегување откриле дека собата им е во хаос и дека им недостасуваат вредните предмети, јави Канал 5.
Крадците се „офајдиле“ со над илјада евра, а ги украле и нивните пасоши. Дури успеале да го пронајдат и клучот од автомобилот Фолксваген Пасат кој исто така го украле. Полицијата по увидот им дала документ со кој излегле од Црна Гора, но на македонско-косовската граница, косовските граничари едвај им го прифатиле.
Ограбените велат дека се среќни што по целата голгота успеале да се вратат во Македонија.
Слично
