ИМ ФАЛАТ 20 ДО 30 ОТСТО РАБОТНИЦИ ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО: Не заминуваат од економски, туку од политички причини
Во Република Српска недостасуваат 20 до 30 проценти од работниците во угостителството во текот на летната сезона.
„Угостителите во Република Српска се соочуваат со проблемот на недостаток на работници во летната сезона, бидејќи 20 до 30 проценти од нив одат на работа во соседните земји“, изјави денеска Владан Шурлан, член на Управниот одбор на Здружението на работодавачи во угостителството и туризмот „Хорека РС“.
Вели дека проблемот не е економски, туку политички.
„Има постојани превирања и тоа влијае на заминувањето на младите луѓе, односно создава чувство на несигурност кај нив“, рече Шурлан, пренесува РТРС.
Тој додаде дека просечната плата во угостителската индустрија во Српска е 1.500 конвертибилни марки, додека во соседните земји работниците од Српска заработуваат уште повеќе за истите работни места.
foto freepik.com
