Економија, финансии, бизнис

Контакт

Им дале на бездомниците 10.000 евра без никакви услови - резултатот ги шокирал дури и експертите

Им дале на бездомниците 10.000 евра без никакви услови - резултатот ги шокирал дури и експертите

Во 2019 година, градските власти во Стокхолм, Шведска, почнаа експеримент што многумина отворено го нарекоа целосно луд.

Имено, тие избраа 50 бездомници и на секој од нив им дадоа по 100.000 шведски круни, што би било приближно 10.000 евра и сето тоа без никакви услови, без надзор и без правила. Тие можеа да прават што сакаат со парите. 

Истакнати социолози предвидоа катастрофа. Тие тврдеа дека 80 проценти од учесниците ќе ги потрошат парите на алкохол и дрога во рок од еден месец.

Хуманитарните организации, исто така, протестираа, велејќи: „Ова е сурово. Вие финансирате зависност“, пишува Dnevno.hr

Но, само една година подоцна, пристигнаа резултатите што ги шокираа апсолутно сите. Дури 72 проценти од учесниците повеќе не беа бездомници, туку изнајмија станови и најдоа работа. Некои дури и почнаа мали бизниси.

„Бев бездомник седум години, не затоа што бев алкохоличар, туку затоа што никој не сакаше да ме вработи без адреса. Тоа беше маѓепсан круг“, рече еден човек. 

Тој купил алати и станал водоводџија.

foto freepik.com

Слично

Поврзани вести