Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИМ БЕВ ЖИВ ШТИТ И НА ЕДНИТЕ И НА ДРУГИТЕ-ВО МАРИУПОЛ НА УЛИЦИТЕ ЛЕЖАТ МРТВИ ЛУЃЕ-Босанецот Делиќ за пеколното бегство од срамнетиот град

ИМ БЕВ ЖИВ ШТИТ И НА ЕДНИТЕ И НА ДРУГИТЕ-ВО МАРИУПОЛ НА УЛИЦИТЕ ЛЕЖАТ МРТВИ ЛУЃЕ-Босанецот Делиќ за пеколното бегство од срамнетиот град

Бахрудин Делиќ, заварувач од БиХ, живеел со семејството во Украина кога се случила руската инвазија и едвај се спасиле живи. Мариупол падна, тврдат Русите. Украина демантира. Русите се уште целосно не го освоиле Мариупол, но го уништиле... Во моментов се пишува дека во фабриката Азовстал се уште се украинските војници од баталјонот Азов, на кои Русија им нуди мирно да се предадат, но се уште нема одговор.

За пеколот во овој град, сведочеше босанецот Бахрудин Делиќ за Државната телевизија, пренесува Мондо.рс. Заварувач по професија, живеел во индустриски градови и ги преживувал траумите од двете војни. Од родната Зеница до Украина, и челичаната Азовстал. Последните денови во Украина ги помина во опколениот Мариупол заедно со семејството. По 38 дена воен пекол, тој успеал да излезе од разурнатиот Мариупол и да се врати во родната Копривна, но сам.

„Нема град, градот е целосно урнат, нема згради, нема улици, ништо нема, се е изгорено или урнато, вели Делиќ, кој со ќерката и сопругата и нејзините родители преживеале во подрумот на зградата, прехранувајќи се со оризова вода. Во ретките прекини на гранатирање, излегувале во потрага по храна.

„Наоѓавме чај, малку ориз, наоѓаvме кафе во ѓубрето, некое зрно грав, сè се наоѓа и се надополнува. Храна ќе се најдеше, но немавме вода, што е најлошо“, рече тој.

За неговиот последен ден во Мариупол, од кој со семејството успеал да побегне во Русија, Делиќ вели:

„Беше хаос, тој ден гранатираше едната, па другата страна, не можеш очи да отвориш. Тоа што го видов за 38 дена, не видов никаде на друго место, нема ништо, каде и да си оди... Излегувам од станот – лежи мртов човек, доаѓам до друг влез - уште еден мртов човек. Секаде гледате мртви луѓе. Не би се мешал во политика, кој е крив, јас бев жив штит и за едните и за другите, а имаше илјадници“.

ФОТО: EPA/SERGEI ILNITSKY

Слично

Поврзани вести