Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИЛОН МАСК ТВРДИ ДЕКА ИМА ЧОВЕК ПОБОГАТ ОД НЕГО: „Титулата најбогат ја заслужува друг“

ИЛОН МАСК ТВРДИ ДЕКА ИМА ЧОВЕК ПОБОГАТ ОД НЕГО: „Титулата најбогат ја заслужува друг“

Сопственикот на Tesla и SpaceX, Илон Маск, официјално е најбогатиот човек во светот со имот од околу 250 милијарди долари.

Но, тој тврди дека рускиот претседател Владимир Путин ја заслужува титулата најбогат човек.

Маск го изјави во интервју за Business Insider. Маск беше прашан како е да се биде најбогат човек на светот, на што тој одговори: „Мислам дека Путин е многу побогат од мене“.

Инаку, богатството на Путин е мистерија. Рускиот претседател беше поврзан со палата на Црното Море вредна 1,4 милијарди долари и со стан во Монако вреден 4 милијарди долари.

Запрашан за руската инвазија на Украина, Маск рече дека Путин мора да биде запрен.

Маск отворено и помогна на Украина во средината на војната. Милијардерот ги испрати системите Starlink во Украина, сателитска интернет констелација управувана од неговата компанија SpaceX, за комуникација.

Услугите на Starlink обезбедуваат пристап до широкопојасни интернет конекции низ целиот свет. Низа сателити на Starlink нудат интернет покриеност со ниска латентност во оддалечените области на неколку земји.

ФОТО: EPA

Слично

Поврзани вести