Економија, финансии, бизнис

Контакт

Илон Маск има ново барање, гласајте

Илон Маск има ново барање, гласајте

Илон Маск, сопственикот на Твитер има ново барање. 

Тој вчера објави анкета на Twitter во која ги праша корисниците дали сакаат да го видат екс американскиот претседател Доналд Трамп вратен на Twitter. Неговиот Twitter профил е трајно суспендиран на почетокот на 2021 година по, како што ги нарече компанијата обиди за поттикнување насилство за време на немирите на Капитол Хил.

Прелиминарните резултати покажуваат дека 53 отсто од корисниците на Твитер би сакале да го видат Трамп незабранет, а 46 отсто против. На анкетата која се очекува да трае до недела досега гласале повеќе од 7 милиони луѓе.

Во мај, пред да го купи Twitter, Маск ја осуди забраната на Трамп како „глупава“. 

Инаку, актуелно во оваа компанија е тоа што многу луѓе си заминаа, си дадоа отказ. 

Еден работник ги сними последните минути на своето работно место и неговото видео стана вирално. 

Слично

Поврзани вести