Илјадници Турци со петиција до САД: Вратете го Гулен!
Илјадници Турци се потпишале на петицијата поставена на официјалниот интернет сајт на Белата куќа, со повик да се екстрадира од САД имамот Фетхулах Гулен.
„На 15 јули 2016 година имаше обид за државен удар за соборување на законската и демократски избрана влада на Турција. Оттогаш стана јасно дека организаторите се мала група војници, лојални на Фетхулах Гулен и неговата терористичка организација"- пишува во петицијата.
Во неа се наведува дека Турција е долготраен сојузник на САД на Блискиот Исток, а Гулен е класифициран како терорист и претседателот на САД, Барак Обама треба да помогне на турската Влада за екстрадиција на Гулен.
Се смета дека следбениците на духовникот имаат финансиски средства во износ од милијарди долари на територијата на САД.
Самиот Гулен негираше дека стои зад обидот за преврат. Тој изјави синоќа дека ќе прифати евентуално решение за неговата екстрадиција од страна на американската Влада.
