Илјадници мигранти на грчка граница чекаат да влезат во Македонија
Повеќе од 3000 бегалци од Сирија, Авганистан и Пакистан, во моментов стојат долж македонско-грчка граница и чекаат да влезат во Македонија.
На грчката територија пак, повеќе од 4000 бегалци ја блокираа меѓународната прука Солун -Скопје, а се заглавени и два товарни и еден патнички воз.
Голем број полицајци се обидуваат да ја спречат толпата да трне пеш кон Гевгелија.
Инаку, денеска Владата на Македонија ги затвори границите на мигрантите и прогласи кризна состојба на јужната и северната граница, поради зголемениот прилив на мигранти.
Слично
