Илјадници луѓе се упатија кон Уставен суд
Илјадници активисти, граѓани и членови на опозициски партии, моментално се наоѓаат пред Музејот на ВМРО, во близина на Уставниот суд.
Сите се со една цел, да порачаат дека Уставниот суд не смее да работи по партиска директива.
Протестот започна пред Владата, од каде толпата се упати кон Министерството за правда и Народната канцеларија на Претседателот, Собранието и пред Музејот.
Организаторите од Ајде апелираа за мирен протест. Во нивна непосредна близина се наоѓаат контрадемонстранти организирани од ГРОМ.
Протестот се спроведува под силно полициско обезбедување.
Слично
