Илјадници Грци протестираа против одобрување на предлозите на кредиторите
Над 8.000 лица протестираа во Атина, недалеку од плоштад „Синтагма“ во петокот вечерта со барање премиерот Алексис Ципрас да не ги гази нивните гласови „против“ предлозите на меѓународните кредитори на референдумот од минатата недела.
Протестот се одржал за време на дебатите во парламентот за новиот договор со Меѓународниот монетарен фонд, Европската централна банка и Европската комисија.
Многумина од нив носеле постери со натписи: „Никакви други меморандуми!“, „Грција не е колонија!“, „СИРИЗА поддржува капитализам“.
[button color="orange" size="medium" link="http://faktor.mk/2015/07/11/parlamentot-vo-atina-gi-usvoi-predlozite-za-reformi-na-tsipras/" target="blank" ]Парламентот во Атина ги усвои предлозите за реформи на Ципрас[/button]
