Економија, финансии, бизнис

Контакт

Илјадници граѓани на Москва маршираа во спомен на Немцов

Илјадници граѓани на Москва маршираа во спомен на Немцов
Над десет илјади руски граѓани, денеска маршираа во центарот на Москва во знак на жалост и спомен на убиениот опозициски лидер Борис Немцов. Учесниците на маршот носеа  портрети од Немцов и плакати со пораки  ,,Хероите не умираат”, ,,Тој загина за иднината на Русија” и ,,Тој се бореше за нашата иднина”. Присутните го завршија маршот на мостот во близина на Кремљ, каде што опозицискиот политичар и поранешен заменик – министер беше убиен во петокот вечерта. Наместо жалостен марш, денеска требаше да се одржи антикризната демонстрација ,,Пролет” на која Немцов ги повика да дојдат русите кои го поддржуваат ,,прекинот на руската војна во Украина, кои се за прекин на агресијата на Путин”. Само неколку часа пред неговата смрт, Немцов во радио интервју упатил остри критики кон рускиот претседател Владимир Путин. ,,Најважната причина за кризата е во фактот дека Путин започна со луда, агресивна политика, смртоносна за нашата држава и многу граѓани, на војна против Украина. Постојат документирани докази за присуството на руските војници во таа држава." -изјави Немцов, во последното интервју. Инаку, претседателот Путин убиството го оцени како ,,провокација” и му порача на неговото семејство дека убијците ќе бидат пронајдени и казнети.  
Слично

Поврзани вести