Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИЛЈАДНИЦИ ФИРМИ И ПРЕТПРИЈАТИЈА ДОЛЖНИЦИ НА УЈП: Кој се го билда долгот ?

ИЛЈАДНИЦИ ФИРМИ И ПРЕТПРИЈАТИЈА ДОЛЖНИЦИ НА УЈП: Кој се го билда долгот ?

Долгот се трупа, а познати фирми и јавни претпријатија, но и бизнисмени се на листата најголеми должници кон државата.

Прв на црната листа на Управата за јавни приходи по неподмирени долгови согласно последната статистика објавена пред неколку дена е ТЕ-ТО. Таа фирма нема да и плаќа долг на државата по одлуката на владата  а на државата и должи вкупно 17,2 милиони евра и тоа по основ на данокот на добивка.

И повторно илјадници должници со милиони долгови а меѓу нив и „Ел Дон Кастилло“,  „Индустрија Ал Азтека“. На листата се и  „Мотор коал индустрија интернационал“ и  „МЛ Глобал Италу“.

Не изостануваат и јавните претпријатија а меѓу нив се закотвени и Јавното комунално претпријатие Тетово должи 159 милиони денари, Македонска радиодифузија должи 25 милиони денари, Водостопанство на Македонија должи 8 милиони денари, МРТ 21 милион денар и други.

Слично

Поврзани вести