Економија, финансии, бизнис

Контакт

Илјадници фирми и граѓани со опомени за неплатена радиодифузна такса!

Илјадници фирми и граѓани со опомени за неплатена радиодифузна такса!
Управата за јавни приходи најави дека отпочна со подготовка и дистрибуција на Опомени до фирмите и граѓаните кои не извршиле навремено плаќање на радиодифузната такса. Ваква „честитка“ од даночниците можат да очекуваат 31.660 фирми (правни лица и вршители на дејност), како и 100.000 граѓани. Само фирмите, според пресметките, должат околу 606,5 илјади евра. Доколку фирмите и граѓаните не го платат долгот во рок од една седмица од денот на приемот на опомената, УЈП ќе отпочне постапка за присилна наплата на долговите, при што трошоците за постапката паѓаат на товар на обврзникот. „Со цел избегнување на трошоците и мерките за присилно наплатување на долговите, апелираме обврзниците во најкраток можен да извршат плаќање на заостанатите долгови“, велат од УЈП. Доколку обврзникот има извршени уплати кои не се евидентирани во УЈП или има други забелешки потребно е да се обрати до даночните канцеларии на Управата за јавни приходи и да поднесе доказ за извршените уплати.
Слично

Поврзани вести