Економија, финансии, бизнис

Контакт

Илјадници Бугари, на чело со студентите бараат оставка од Владата

Илјадници Бугари, на чело со студентите бараат оставка од Владата
Оставка на Владата на Пламен Орешарски и распишување предвремени парламентарни избори се барањата на неколку илјади демонстранти од Бугарија. Тие денеска излегоа на протести во центарот на Софија, а по повод 24-годишнината од падот на комунистичкиот режим во Бугарија, јави ДПА. Како главни организатори на протестот беа групата студенти. Тие веќе неколку недели седат на Софискиот универзитет, но и повеќе други факултети во главниот град и ги „окупираат“ предавалните. Притоа бараат промена на Владата и повикуваат да „се разбудат“  останатите студенти. Учесниците на демонстациите ја обвинија коалициската Влада на социјалистите и на партијата на бугарските Турци, која е избрана пред пет месеци, за корупција и за сомнителни бизниси, извикуваа„Мафија“ или „Оставка“ и тргнаа на прошетка низ  центарот на Софија. Претходно полицијата ги блокираше реоните околу владините згради и не им дозволи пристап до нив. Протестите во Бугарија со различен интензитет траат повеќе од половина година.
Слично

Поврзани вести