ИЛЈАДА ЛУЃЕ ОСТАНУВААТ НА УЛИЦА: „Југохром“ пак става клуч на врата!
Приказната пак се враќа на старо. Илјадници вработени ќе останат на улица.
Комбинатот за феролегури „Југохром“ од полноќ повторно ќе стави клуч на врата и ќе ги исклучи сите печки.
Државниот инспекторат за животна средина вчера донесе одлука со која не го пролонгираше рокот кој го бараа од Југохром за поставување на филтир на оџаците.
Дека до полноќ сите печки ќе бидат исклучени, за агенцијата Мета потврдил Генералниот директор на „Југохром“, Васко Скендеровски.
„Ние мора да ја почитуваме одлуката на Државниот инспекторат за животна средина. Сепак, оваа одлука требаше да ја потврди и Владата. Бидејќи оттаму немаме никаков допис, ние ќе ја почитуваме одлуката на инспекторатот“ изјавил Скендеровски кој дополнил дека нивни екипи ќе продолжат со изградбата на филтер-станицата, чии темели се веќе поставени.
Скендеровски тврди дека досега филтер-станицата ќе била изградена, но многу чекале за да добијат градежна дозвола за нејзина изградба.
Југохром доби неколку пролонгирања
Во октомври 2014 година Јогохром бараше пролонгирање на рокот за поставување на филтри на оџаците.
Тогаш Владата на компанијата и даде уште две години дополнителен рок, да ги исполни условите за имплементација на еколошките дозволи.
Компанијата Југохром од Јегуновце се врбојува во поголемите металски индустрии и еден од позначајните извозници, а исто така голем дел од жителите од полошкиот регион се вработени токму во оваа компанија. Според Законот за животна средина, рокот за имплементација на интегрираните еколошки дозволи беше 1-ви 2014 –та година. Но на Макстил и Југохром им се дозволи пролонгирање на рокот, до 31-ви октомври 2014 година. Но и до овој рок овие две копании не успеаја да ги исполнат еколошките критериуми.Па Владата донесе одлука Макстил привремено да ги згасне печките, а Југохром да го преполови производството. Фабрката „Југохром“ доби нов дополнителен рок, за воведување на новите еколошки стандарди, а компанијата Макстил откако ги исполни условите продолжи со работа. Компанијата “Југохром” од Јегуновце, најави дека 150 работници ќе мора да ги прати на принуден одмор, но по шест месеци овие вработени треба да бидат вратени повторно на работа.Ваков договор бил постигнат со Владата, откако компанијата побарала да и се пролонгира рокот. Од еколошките друштва велат дека го имаат во предвид социјалниот аспект , односно отпуштањето на работници, но сметаат дека за одржлив развој е важно економијата и екологијата да одат во пакет.
Повеќе еколошки организации од Полошко во неколку наврати протестираа и бара запирање на работата на „Југохром“ додека ова компанија не постави соодветни филтри.
