Економија, финансии, бизнис

Контакт

Илир Мета ја бара вистината за масовната гробница откриена во Пермет

Илир Мета ја бара вистината за масовната гробница откриена во Пермет

Гробница е откриена во албанскиот град Пермет. 

Тоа е масовна гробница на жртвите на комунизмот и е откриена во нова населба во  албанскиот град Пермет при градежни активности за изградба на пат.

Досега се откриени четири јами со повеќе тела.  Претседателот на здружението на поранешни политички осудувани и прогонувани лица, Небил Чика, изјави дека за време на комунистичкиот режим, во оваа област била стационирана воена единица која била задолжена и за „убивање на дисиденти кои биле откривани на граница“.

Претседателот Илир Мета ги повикува одговорните државни институции овој случај да го расветлат и да се дознае вистината. Мета вели дека неправедно погубените и невините маченици заслужуваат достоинствено почивалиште, целосна почит и должна државна почест. Во земјата досега се идентификувани 29 места каде се сомнева дека се закопани телата на политичките затвореници. 

Близу новата гробница се очекува дека има многу повеќе човечки останки. 

Слично

Поврзани вести