Економија, финансии, бизнис

Контакт

Илијевски: ВМРО-ДПМНЕ го призна Косово, во коалиција со Демократската партија на Србите

Илијевски: ВМРО-ДПМНЕ го призна Косово, во коалиција со Демократската партија на Србите

Лидерот на Партијата на Македонците во Србија, Горан Илијевски во емисијата „Dan Uživo" изјави дека во Србија е претставена лажна слика за Македонија.

Илијевски вели дека е задоволен што претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Македонија Зоран Заев имале разговор во кој е постигната согласност за пет точки и потсетува дека инсистирал дека е потребен дијалог и непосреден отворен контакт, објави N1.

Додава дека новинарството во Србија е паднато на ниска гранка, а политичкиот маркетинг зема замав. 

„Дали некој пред три дена објави дека Македонија не гласаше за прием на Косово во Светската организација на студентската универзијада, а Кина и Русија гласаа"- рекол тој, пренесува N1.

Тој вели дека во две работи се согласува со Вучиќ - кога по првиот контакт за Заев изјавил дека е чесен и искрен човек и дека народот на Македонија не гласал за признавање на Косово, туку политичките структури кои во тој момент биле на власт. 

„ВМРО-ДПМНЕ го призна Косово, во коалиција со Демократската партија на Србите, која не излезе од коалицијата. Владата на ВМРО-ДПМНЕ гласаше и за прием во Унеско"- вели Илијевски, пренесува N1.

Илијевски порачува дека регионот мора да соработува. 

Слично

Поврзани вести