Илијаз Халими – рамноправност меѓу сите
Кандидатот на ДПА, Илијаз Халими во претседателската трка се појави за, како што вели, Албанците да имаат за кого да гласаат. Халими во предизборната кампања се покажа како смирена личност, барајќи од алабанскиот политички електорат да му го дадат гласот, за како што тврдеше да може да влезе во вториот круг на претседателските избори.
„Албанците во Македонија заслужуваат да има свој кандидат за претседател кој ќе влезе во вториот круг од изборите. Доколку бидам избран за претседател, ќе се залагам и ќе настојувам во Македонија да создадам клима каде сите граѓани ќе се чуствуваат рамноправни“, говореше на митинзите претседателскиот кандидат од ДПА, Илијаз Халими.
За политичките аналитичари, Халими за време на предизборната претседателска кампања бил со коректни ставови по однос на чуствителните прашања. Бројката на гласови која ќе ја добие Халими, според аналитичарите би требало да бидат ветар в гради за ДПА пред парламентарниот дуел со ДУИ.
Кратка биографија: Роден е во село Сушиќе во Косово во 1954 година. Завршил Филозофски факултет во Приштина, по што се вработил како професор во гимназијата во Тетово. Халими е женет и е татко на еден син. На парламентарните избори во 1998 е избран за пратеник на ДПА а до крајот на мандатот ја извршуваше и функцијата потпретседател на Собранието.
Слично
