Економија, финансии, бизнис

Контакт

Илија Исајловски e новиот заменик министер за надворешни работи

Илија Исајловски e новиот заменик министер за надворешни работи

Собранието со 63 гласа „за“ и 19 „против“ го избра Илија Исајловски за нов заменик министер за надворешни работи.

Тој доаѓа на местото на Драгана Кипријановска која претходно Собранието ја разреши.

Во образложението премиерот Емил Димитриев рече дека очекувал по излегувањето на Демократскиот Сојуз од Коалицијата „За подобра Македонија“ оставки да дадат и неговите функционери, но кога тие тоа не го направиле.

„Сметам дека со Илија Исајловски Министерството за надворешни работи ќе биде значително зајакнато и дека со сето искуство што го има стекнато во минатиот период ќе помогне за подобро и функционално работење на Министерството и поквалитетно претставување на Република Македонија надвор од границите“ - изјави Димитриев.

Исајловски е професионален дипломат од кариера кој успешно ја претставувал Република Македонија во повеќе земји како  амбасадор.

Слично

Поврзани вести