Економија, финансии, бизнис

Контакт

Илија Димовски во полиција за да пријави дека некој го имитирал

Илија Димовски во полиција за да пријави дека некој го имитирал
Директорот на Центарот за омуникации на ВМРО ДПМНЕ Илија Димовски во полициската станица Беко утрово го пријави случајот со советникот на СДСМ од Неготино Диме Витанов, кој во телефонски разговори со активисти на ВМРО ДПМНЕ се претставувал како „Илија од Центарот за комуникации“ и барал да му достават списоци со луѓе што ќе гласаат за оваа партија. Димовски не поднел пријава против Витанов за лажно претставување, туку само во полициска станица го раскажал случајот, па очекува институциите да го разгледаат и да преземат мерки. „Сепак, политичката одговорност за овој скандал е кај раководството на СДСМ - Зоран Заев и Радмила Шеќеринска“, рече Димовски.
Слично

Поврзани вести