Економија, финансии, бизнис

Контакт

Илија Димовски тврди дека реалното поскапување на струјата ќе биде најмалку 17,3 отсто

Илија Димовски тврди дека реалното поскапување на струјата ќе биде најмалку 17,3 отсто

Екс пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски го искоментира поскапувањето на струјата. 

Тој уверува дека реалното поскапување на струјата ќе биде најмалку 17,3 отсто.

„Од 168 часа неделно (по претпоставка дека еднакво трошиме струја во сите 168 часа):

- за 156 часа зголемувањето ќе е 9,48 %

- за 12 часа (досегашната евтина денска тарифа во 6 дена) зголемувањето ќе е 118,96 %

Вкупното покачување ќе 17,3 %...“, напиша Димовски на Фејсбук.


Вели дека главната причина за покачување на струјата во Македонија е преполовеното домашно производство на електрична енергија од времето на претходната власт.

„Реалната цена на струјата и вака нема целосно директно да ја доплаќаме со сметките. Индиректното доплаќање ќе го правиме со даночни пари собрани од граѓаните, а платени од Буџетот кои ќе изнесуваат најмалку уште дополнителни 100 милиони евра следната година, но ќе имаме помалку пари за нови патишта, болници, училишта... Стапката на ДДВ за електрична енергија за 6 месеци од денес ќе се зголеми од 5% на 10%, со што дополнително ќе се зголемат сметките на граѓаните“, напиша Димовски.

Од 1 јануари струјата поскапува за 9,48 отсто. 

За граѓаните со ниски примања ќе има помош од државата за плаќање на сметките за струја. 

Слично

Поврзани вести