Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИЛИЈА ДИМОВСКИ: Со сегашните давачки, околу 43 отсто од цената на дизелот оди за државата

ИЛИЈА ДИМОВСКИ: Со сегашните давачки, околу 43 отсто од цената на дизелот оди за државата

Македонија нема најевтино дизел гориво во регионот !!!

Со ова тврдење на фејсбук излегува поранешниот пратеник Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Според  него, тврдењето на Владата дека во Македонија е најевтино дизел горивото не го зема предвид факторот на куповната моќ и примањата на граѓаните кои се пониски од регионот.

„Со просечна нето плата може да се купи следнава количина дизел гориво: 

Македонија - 342 литри

Србија - 409 литри 

Бугарија - 456 литри

Грција - 655 литри

Хрватска - 656 литри

П.С. Оваа Влада (во последните неколку години) ги зголеми трговските маржи, трошоци, акцизи и следствено зафатот на ДДВ-то при малопродажбата на горивото...

П.П.С. Доколку Владата ги намали давачките на ниво пред да ја преземе власта, цената на дизелот би паднала за околу 13 денари...

П.П.П.С. Со вакви актуелни давачки околу 43 отсто од цената на дизелот одат за државата...“, пишува Илија Димовски на својот фејсбук профил.

Овие негови тврдења доаѓаат после неколкукратните повторувања од страна на власта дека во земјава и покрај поскапувањето, се вози најевтино дизел гориво во Европа.

Како што веќе пишувавме, неговата партија предлага серија мерки за ублажување на животниот стандард на граѓаните во услови на криза, меѓу кои и преполовување на акцизата за бензините и дизелот.


Слично

Поврзани вести