Илија Димовски: СДСМ создава хаос затоа што се плашат од избори!
„СДСМ намерно создава хаос во државата . Тие сакаат да им наштетат на сите граѓани. Ние овде со денови расправаме само за еден амандман и доколку вака се продолжи, Македонија нема да добие буџет ниту во наредните 14 години.
Очигледно е дека се безидејни и дека за разлика од ВМРО ДПМНЕ немаат ниту еден проект што можат да го реализираат , па на овој начин, со блокада сакаат да ја покријат својата безидејност.
Очигледно е дека и со блокадата на буџетот СДСМ сака да ги блокира и изборите закажани за во март, поради тоа што им е јасно дека ќе бидат поразени“, изјави за пратеникот од ВМРО ДПМНЕ, Илија Димовски во врска со расправата за носење на буџетот за 2013 година.
Слично
