Илија Димовски: СДСМ сака да биде бледа копија на ВМРО-ДПМНЕ
Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски вели дека законите што опозицијата ги предложила биле несериони и дневен маркетинг на партијата. Тој вели дека СДСМ се обидувала да биде бледа копија на ВМРО-ДПМНЕ и да освои симпатии кај јавноста.
,,Толку се неискусни и желни за поддршка од граѓаните, која ја немаат, што мислат дека носењето на сериозни одлуки е играње на маалска игра. Како и до сега, СДСМ ќе ја лаже јавност, ќе ветува се и сешто, само да им се допадне на граѓаните, но сите паметиме дека секогаш кога беа на власт не исполнија ниту едно свое ветување." - вели Димовски.
Предлогот на СДСМ за зголемување на минималната плата на 11 000 денари, Димовски го оцени како неиздржлив бидејќи така фирмите ќе отпуштеле многу работници.
Предлогот за укинување на екстерното тестирање пак, го нарече крајно несериозен и неодговорен, бидејќи партијата се обидувала да ги освои симпатиите на младите.
За предлогот за измени во Законот за буџетот на државата, Димовски дека таква пракса каква што предлагаат не постои во ниту една европска држава, а предлогот бил апсурден и физички невозможен.
