Економија, финансии, бизнис

Контакт

Илија Димовски на местото на Силвана Бонева

Илија Димовски на местото на Силвана Бонева
Директорот на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во Собранието Илија Димовски ќе ја координира пратеничката група на оваа партија во законодавниот дом, тврдат партиски извори. Во последните девет години оваа функција ја извршуваше Силвана Бонева. Таа иако и во овој состав е пратеник во Собранието сепак нема да биде координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, за што и самата информираше на Фејсбук. „На претседателот Никола Груевски и на сите досегашни состави на Извршниот комитет им се заблагодарувам за довербата што ми ја даваа изминативе девет години да бидам координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Посакувам успешна работа на новиот координатор“, напиша вчера Бонева на својот Фејсбук профил. Од останатите пратенички групи во Собранието - ДУИ и ДПА, нема информации кој ќе ги координира во новиот парламентарен состав. Работата на координаторот подразбира усогласување на сите активности на пратениците од една пратеничка група, вклучувајќи ги и нивните настапи од собраниска говорница и гласањето.
Слично

Поврзани вести