Економија, финансии, бизнис

Контакт

Илија Димовски доби повик за дуел од Дамјан Манчевски

Илија Димовски доби повик за дуел од Дамјан Манчевски
Дамјан Манчевски, потпретседателот на СДСМ, бара јавен дуел со директорот на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски за да се докажуваат околу наводниот скандал во тендерот за кумановските паркинзи. Манчевски денеска ја објави одлуката на владината второстепена комисија по жалби за јавни набавки, која одлучила дека нема ништо спорно во овој тендер што го добила фирмата „Метропаркингплус“, а која според владејачката партија, сопственички е поврзана со опозицискиот потпретседател. „За се што не ви е јасно, да се соочиме на телевизиска дебата, пред очите на целата јавност“, рече Манчевски, кој од Димовски побара да го објави бројот на вработени во државната администрација, договорот за набавка на мазут помеѓу Клинички центар и ОКТА или налозите со кои ВМРО ДПМНЕ ги плаќа медиумските кампањи против СДСМ. Инаку Димовски денеска објави нови докази од тендерот за јавните паркиралишта во Куманово. На документите стои потписот на Дамјан Манчевски, што според Димовски е неспорен доказ за негова вмешаност во целиот случај. Димовски тврди дека фирмата на Манчевски не ги исполнувала условите на тендерот -  обрт од минимум 15 милиони денари годишно, или стопанисување со паркиралиштата во најмалку 5 града. „Токму затоа најпрвин била одбрана српска фирма која потоа и го отстапила тендерот на фирмата на Манчевски“, вели Димовски.
Слично

Поврзани вести